Лакови за нокти во тренди бои
Лелеави фустанни, омилен костум за капење и тренди сандали...тоа е летната мода. Но за комплетен изглед треба да се одбере хит боја на сезоната...
...и гордо да се носи на ноктите.
Кои бои преовладуваат оваа сезона?
Природни тонови и јаки, впечатливи бои. Оваа сезона преовладуваат два тренда кои подеднакво ќе ги задоволат љубителите на природните и ненаметливи бои, како и смелите трендсетерки кои сакаат да остават силен впечаток.
Следејќи го трендот на романтичните креации и нежните тонови , боја на кожа, и лаковите за нокти оваа сезона се ненаметливи. Бојата на песок и нијансите на кожа се главен хит на модните писти оваа сезона, а тој тренд го следат и козметичките куќи.
Но, со доаѓањето на потопли денови и денови за годишен одмор, доаѓаат и лаковите со јаки впечатливи бои кои совршено се вклопуваат со сончаниот тен. Оваа сезона, се е дозволено.
За што и да се одлучите, добрата вест е што лаковите можете да ги комбинирате со најразлична боја на облека.
Романтичните и нежни фустани можете да ги носите со нокти декорирани со силни бои, додека откачените комбинации комбинирајте ги со лакови за нокти во природни, пастелни бои.
Најважно од сè, без разлика која комбинација ќе ја одберете, е да ги заштитите ноктите. Подлогата за нокти е особено важна кога се користат интензивните бои.