10 трендови од 2000-тите на кои до неодамна се смеевме, но сега повторно се хит (фото)
„Рибарски“ шапки, тренерки за дневно излегување, фармерки со многу низок струк – се чини дека трендовите на кои им се смеевме најмногу, повторно си го најдоа местото на модната сцена.
Скоро сите чувствуваме доза срам кога ќе видиме постари фотографии од нас, најмногу поради облеката што сме ја носеле.
Колку и да ни изгледаат смешно нашите комбинации од минатото, факт е дека и тогаш сигурно сме следеле некој тренд, па оттаму и инспирацијата за облеката.
Но можеби најчудно е што без разлика колку им се смеевме на некои трендови, полека но сигурно тие повторно се вратија на модната сцена.
Неретко се вели дека модата од почетокот на 2000-тите беше можеби најлоша, но многу трендови од тој период повторно станаа хит во последниве 2-3 години.