Малку шминка=совршено лице

malku-sminka-do-sovrseno-lice-povekjeОвој текст не е за тоа како да постигнете совршен тен ниту пак нешто слично - овде се работи само за обликот на лицето. Совршенството е се разбира...


...релативен поим, но кога станува збор за совршен облик на лице, се смета дека совршено лице е она на кое ширината на лицето е еднаква на половина од должината.

Иако секој има своја идеа за совршено, таквиот облик на лицето е најпријатен за окото. За жал не сме сите родени со такво лице (ниту пак совршеното лце е нешто пресудно за било што во животот), но со малку козметички трикови може да изгледаме како да имаме совршено лице. Еве како.

За почеток, неопходно е да го одредите обликот на вашето лице. Постоечките облици се: совршено, овално, тркалезно, издолжено и во форма на квадрат. Кога ќе го утврдите обликот на вашето лице (тоа се прави ако го нацртате обликот на огледало), земете го руменилото во раце и фатете се за “работа“.

malku-sminka-do-sovrseno-lice

Доколку лицето ви е  овално (патем речено тоа е исто така одличен облик на лице, затоа што му прилегаат сите фризури), треба само малку да го издолжите. Тоа можете да го направите така што ќе нанесете руменило на најполниот дел од образот. Насмевнете се со затворена уста и така ќе ја направите првата почетна точка.

Девојките не сакаат лицето да им е тркалезно - тоа ги асоцира на вишок килограми иако ги немаат. Во секој случај, со правилно нанесено руменило и тркалезното лице може да изгледа како да има идеален облик. Нанесете руменило на јаболчниците и се побледо кон слепоочниците-тоа визуелно ќе ви го издолжи лицето.

Доколку лицето ви е долгнавесто, за идеален облик потребно е малку визуелно да го „скратите“. Тоа ќе го постигнете така што на врвот од брадата ќе нанесете малку темно мат руменило. На јаболчниците нанесете ја истата нијанса која постепено поминува во посветла.

Лицето во форма на квадрат изгледа малку грубо и со остри црти, па треба да се направи понежно. За тоа треба да се нанесе малку руменило точно под јаболчниците и кон работ на лицето. Потоа поминете со истата боја преку коската на вилицата за да ја ублажите нејзината линија.

Би можело да ве интересира:

6 модни формули за рана пролет со кои секогаш ќе изгледате средено Пролетта ни е на прагот, а во претстојните месеци дополнете го вашиот плакар со ...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...
Популарни парчиња облека кои почнуваат да стануваат демоде Проѕирни хулахопки, балетанки... Кои се парчињата облека и модните додатоци кои ...
„Парите не можат да ти купат стил“ – Блејк Лајвли исмеана за панталоните со дупки кои чинат 19.000 д... „Сакате грди панталони или нов автомобил од салон?“ – прашуваат твитерџиите, отк...
Сите се облекуваме како (лажни) сопруги на мафијаши – Македонките во модниот стил што го освои свето... Кои Македонки први го прифатија Mob Wife трендот на облекување? Сите се сложни д...
Водич за момци со стил: 40 идеи што да облечете на матура Елегантен изглед со одело и кошула или покежуал со маичка, но и поопуштени, млад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg