Летна колекција: Страдивариус
Упадливи бои се она што ви е потребно за оваа сезона да се издвоите од масата. Проверете што донесува сезоната пролет лето 2011 во...
...колекцијата на брендот Страдивариус.
Мото на новата кампања е „нека ви е сончево секој ден“ и се обидува со позитивен став да даде една доза препознатлив стил од 60-тите и 70-тите години.
Кратки панталончиња и топ може да се комбинираат со рамни чевли за дневно излегување во град или на плажа, а истата комбинација со штикли може да ја прошетате и навечер. Новата колекција ги нагласува женските облини.
Џинсот е секогаш ин, а кратки шорцеви со висок струк и тенок каиш се оние кои ќе ви дадат кежуал – шик изглед.