Моден бран 2021: Koстими за капење кои летово ќе бидат тотален хит
Eкспериментално „исповрзани“ костими за капење
Без разлика на тоа каков костим за капење ќе одберете, овој трендот не само што е достапен за сите типови на тела, туку и има тенденција да биде прилагодлив, што го олеснува негувањето на вашиот сопствен стил.
Ребрести костими за капење
Поради функционалноста и модата која со себе ја носат, во листата за тренд костими за капење за 2021 влегуваат во игра и ребрестите костими.
Ова се костими кои се совршени за љубителите на спортови во вода и одбојка на плажа.
„Исечени“ костими за капење
Исечоците докажаа дека се тука за да останат и тоа со добра причина. Тие се најдобриот начин да земете класична силуета и да ѝ дадете свеж и нов изглед.
Кружен печат
Овој ретро тренд доаѓа точно на време. Костимите без прерамки се идеални за сончање, а деталите како суптилниот прстен ја усовршуваат целата естетика.
Мила М. | Црнобело