Моден бран 2021: Koстими за капење кои летово ќе бидат тотален хит

Деновите стануваат подолги, а сезоната на костими за капење е веќе пред нас.

Moden-bran-2021-kostimi-za-kapenje-koi-letovo-kje-bidat-totalen-hit 01 630x330.jpg

Милион насмевки и нетрпеливост за пакување на куферите, се чини дека оваа година за разлика од минатата речиси секој од нас барем накратко ќе биде „погален“ од сонцето и топлите бранови.

Класичниот едноделен костим или бикини никогаш не излегуваат од мода, но летото 2021 година носи нова група забавни трендови за „пливање“ коишто треба да ги испробате.

Од удобност, до секси костими, во продолжение за вас ги издвоивме најголемите трендови за костими за капење за 2021 кое оваа сезона ќе бидат вистински летен бран.

Плетени костими за капење

Од препознатливите летни, плетени чанти до рачно изработените аксесоари, воопшто не е изненадувачки што ткаениот тренд оваа година преовлада и во облеката за пливање.

Moden-bran-2021-kostimi-za-kapenje-koi-letovo-kje-bidat-totalen-hit 02 630x380.jpg

Свилени, пастелни костими за капење

Сосема тропско освежување и елегантна естетика прикажуваат овогодинешните сјајни, свилено-пастелни костими за капење.

Мекиот, тенок и сјаен материјал кој светка е одличен за на сонце, како естетски така и функционално, поради способноста за брзото сушење при допир со вода.

Moden-bran-2021-kostimi-za-kapenje-koi-letovo-kje-bidat-totalen-hit 03 630x380.jpg

Koстими за капење со принтови

Што повеќе принтови, тоа подобар костим за капење. Оваа година шарените костими за капење, посипани со принтови се вистински, тотален „ин“.

Moden-bran-2021-kostimi-za-kapenje-koi-letovo-kje-bidat-totalen-hit 04 630x380.jpg

Ретро костими за капење

За да им се доближите на женските силуети од ‘50-тите, пробајте горен дел без прерамки и ставете акцент на вашето „љубезно“ деколте, или осмелете се за ретро едноделен костим кој пркоси од сексапил.

Moden-bran-2021-kostimi-za-kapenje-koi-letovo-kje-bidat-totalen-hit 05 630x380.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
7 највпечатливи филмски костими за капење: Култни парчиња кои се модерни и денес Бонд девојки, спасувачки на плажа, Чарлиеви ангели... заедничко за сите нив е шт...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg