Овошната мода е хит

ovosnata-moda-e-hit-povekjeОвошјето е вкусно, здраво и еден од главните модни трендови за оваа пролет. Оваа пролет и лето ќе се изнагледаме секакви примероци и стилови...


...кои ги „тресат“ модните писти – од пруги во сите видови, до повеќебојни/еднобојни комбинации. И сега уште еден тренд кој не смее да се заобиколи ако барем малку ја следиме модата.

ovosnata-moda-e-hit-1

Сè почна ситно и дискретно... По некој привезок, обетки... за да на крај низ модниот свет да експлодира цела овошна салата. Црешите, јаболката, бананите и крушките им беа музи на модните дизајнери и тие подготвено ги префрлија од позадината во центарот на вниманието – на облеката, чевлите и шешири.

Трендот го најави модната уредничка на јапонскиот Vogue, Ана Дело Русо, која на есенските ревии се појави со шешири украсени со гигантски цреши и со нешто помала лубеница, а не заостанаа ниту останатите уреднички Емануела Алт (Vogue) и Каролина Иса (Tank Magazine), па дури и главната ѕверка и најголемата модна диктаторка – Ана Винтур.

ovosnata-moda-e-hit-2

Дизајнерките имаат свои приоритети кога е овошјето во прашање, Стела Мак Картни се одлучила за лимони, портокали и грејпфрути на бела подлога. Има дизајнери кои измешале се живо.

Што би одбрале вие од овој тренд?

Би можело да ве интересира:

9 ситни детали кои може да го уништат и најдобриот моден стајлинг Стегач за коса ставен на зглобот на раката, испукана јакна, тешки обетки... пора...
Уметнички перформанс и две впечатливи ревии на затвoрањето на Shtip Fashion Days 2024 (фото) Со две одлични ревии во старата фабрика за џинс „Македонка“ во Штип, вчеравечер ...
Модни додатоци со кои ќе оддавате впечаток на самоуверена и успешна жена Свилена шамија околу вратот, кожени ракавици... кои 6 аксесоари (според стилисти...
Детали во изгледот што до неодамна беа стилска класика, но стануваат демоде Тесни фармерки, едноставни чанти, црни капути – некои парчиња што мислевме дека ...
Кој е дечкото што со модниот стил и бундата од баба му го привлече вниманието на Shtip Fashion Days ... „Дефинитивно имам ексцентричен моден стил... Понекогаш и пред огледало се прашув...
6 модели на чанти кои ќе ве претворат во старомодна жена (и треба да ги избегнувате) Долгнавести, црни чанти како поштарски, модели без форма кои наликуваат на вреќа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg