Стилска инспирација – Блогерката со преку 400 пара чевли (фото)
Профилот по кој често посегнуваме кога бараме инспирација за елегантен изглед дефинитивно ѝ припаѓа на „двојничката на Кери Бредшо“ – Александра Лап од Дизелдорф.
Модниот блог го започнала во 2015-та година, а само 5 години подоцна сите ја знаат како блогерката со преку 400 пара чевли, од кои 90% се на висока потпетица.
Александра има 45 години, иако повеќето не би ѝ дале повеќе од 30.
Секојдневно прикажува кои се парчињата кои секоја жена мора да ги има, но и како секоја жена може да постигне wow-ефект со облеката.
Поседува и преку 90 чанти, брендиран, дизајнерски гардеробер, па благодарение на сето ова, изгледа фантастично во секој дел од денот и во секоја пригода.
Рај за очи, а можеби и инспирација за девојките кои сакаат да импровизираат по примерот на светските модни имиња:
М. Д. | Црнобело