Фустани на преклоп
Кога за прв пат се појавува во 1972 година, станува класик кој никогаш не излегол до сега од мода. Фустаните на преклоп се посебно актуелни во...
...пролет и лето. Можете да ги носите на работа, на романтична вечера или во секси издание на вечерна журка.
Стил кој одговара на вашата градба на телото:
1. Атлетски градени – можете да одберете било каков модел.
2. Облик на тело во вид на песочен часовник – Овој модел е како создаден за вас. Барајте порастеглив материјал и затегнете го во струкот колку можете повеќе.
3. Големи гради. За вас подобра е опцијата на потежок материјал. Внимавајте да не претерате со деколтето.
4. Ситна градба. Немојте да носите фустани на преклоп подолги од колената надолу. Бирајте ракави до лакт, а не долги.