Французинки, Италијанки: Тајната на стилот на жените низ земјите во светот

Кои се омилените модни парчиња на Французинките? Кои трендови ги мразат Италијанките? Каков е стилот на Јапонките?

modna-inspiracija-od-celiot-svet-kako-se-oblekuvaat-zhenite-od-drugite-drzhavi-01.jpg

Како за речиси сè во светот, и за модата постојат бројни стереотипи – во Германија со носат само костуми, беретките се задолжителни во Франција, Италијанците сакаат само брендирана облека…

Сигурно сте слушнале безброј вакви работи, од кои повеќето немаат никаква врска со реалноста.

Па тогаш, како се облекуваат жените од целиот свет? Можете да дознаете во продолжение:

Франција

Французинките секогаш изгледаат женствено, а црвениот кармин и квалитетниот парфем се дел од нивното секојдневие.

Сепак, на овие жени им е важна и удобноста, па често ќе ги видите со широки џемпери или поголемо сако. Истовремено, тие го ценат природниот изглед, па наместо градници со корпи, одбираат поедноставни модели, кои само даваат потпора и не го менуваат изгледот на градите.

modna-inspiracija-od-celiot-svet-kako-se-oblekuvaat-zhenite-od-drugite-drzhavi-02.jpg

Не трошат многу време на комплицирани фризури, а истото важи и за шминката – што помалку, тоа подобро.

Во гардероберот на Французинките ретко ќе најдете брендирана облека со огромно лого или непотребен луксуз.

Германија

Малку се зборува за префинетиот вкус на модерните Германки, но и тие заслужуваат да бидат спомнати.

modna-inspiracija-od-celiot-svet-kako-se-oblekuvaat-zhenite-od-drugite-drzhavi-03.jpg

Како на Французинките, и нив им е најважна удобноста, па никогаш нема да купат неудобни чевли само затоа што се модерни. Кога имаат можност да носат фармерки или пошироки панталони – ја користат, најчесто во комбинација со интересна јакна или ролка.

Овие жени ги обожаваат и комбинезоните, а од обувки, најмногу носат патики или балетанки.

francuzinki-italijanki-tajnata-na-stilot-na-zhenite-niz-zemjite-vo-svetot.jpg

Германките не сакаат крзно, ниту пак луксузен накит со скапоцени камења.

modna-inspiracija-od-celiot-svet-kako-se-oblekuvaat-zhenite-od-drugite-drzhavi-05.jpg

Италија

Италијанките сакаат да изгледаат секси и успеваат во тоа без да бидат вулгарни.

Омилени им се чевлите со високи потпетици, а многу ги сакаат и принтовите, и акцентирањето со јаки бои.

modna-inspiracija-od-celiot-svet-kako-se-oblekuvaat-zhenite-od-drugite-drzhavi-06.jpg

Воглавно, Италијанките се облекуваат според нивната возраст – девојките носат поопуштена облека, додека жените обрнуваат повеќе внимание на елеганцијата.

modna-inspiracija-od-celiot-svet-kako-se-oblekuvaat-zhenite-od-drugite-drzhavi-07.jpg

Сепак, овде ретко ќе најдете жена во спортска облека, како хеланки, освен ако не вежба.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
7 модни трикови на Италијанките со кои не можете да згрешите Италијанките важат за едни од најмодерните жени во светот, секогаш средени, доте...
8 модни додатоци кои Французинките ги носат поинаку од другите жени Иако повеќето стилисти ќе ви кажат дека златото не оди со сребро, Французинките ...
14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg