Волуменозните „балон“ фустани го одбележаа лето 2020, а може да ги носите и во есен (фото)
Волуменозните фустани со опуштен крој кој не ја следи строго линијата на телото туку дава слобода на движење, се модниот погодок за секоја сезона.
Речиси и да немаше излог ова лето кој не понуди ваков тип на фустан и особено сме среќни што истите може да се носат дури и во есен со малку поразлична комбинација на детали.
Освен еднобојните фустани, летната сезона изобилуваше и со многу тробојни модели кои се подеднакво шик и интересни за комбинирање, а може да ви послужат за да ја разбиете есенската монотонија.
Дали и вие го пронајдовте совршениот „балон“ фустан? Од сандали преминете на затворени чевли + наметка и имате есенска комбинација со летно парче облека.
(О)Милена | Црнобело