Идеален дневен make-up
За дневна шминка – за на работа, град или училиште – користете ги едноставните правила: шминката мора да ги истакне природните предности, а да ги...
...сокрие неправилностите на лицето и не треба да биде премногу интензивна.
Професионалните шминкери совршено ќе ве нашминкаат за некоја посебна вечер, венчавка или забава. Но, како да го направите тоа сами кога одите на работа, важен деловен состанок или пак за дома?!
Ќе наброиме неколку главни правила пред шминкање:
1. Внимателно одберете ја козметиката која ќе ја користите, бидејќи тоа ќе биде секојдневно користење. Уште поважно, за оние со осетлива кожа, одберете козметика која нема да ја иритира вашата кожа.
2. Козметиката има рок на траење и никогаш не треба да се користи ако и измине рокот.
3. Важно е да одберете производи кои што можете бргу и едноставно да ги нанесете бидејќи никој нема многу време наутро за шминкање.
Правила за дневен make-up:
Секогаш исчистете го лицето и наутро и нанесете хидратантна крема под шминката. Во спротивно кожата ќе ја впие влагата од течната пудра и неа ќе ја снема. Одберете пудра која најмногу ќе му одговара на вашиот тен и добро размачкајте ја. Подочниците сокријте ги со лесен течен коректор кој можете да го употребите и за сокривање на другите неправилности на лицето.
Сето тоа лесно фиксирајте го со многу малку пудра во прав или камена пудра за да се добие што поприроден изглед и за да трае шминката што подолго. На образите нанесете руменило со боја на нежна роза или праска, најдобро таму каде што и природно ќе поцрвените. Задолжително средете ги веѓите, бидејќи тие го заокружуваат и отвораат лицето.
Текстурата на шминката за дневен make-up нека биде полу-мат, или лесно сјајна, немојте да користите седефаста шминка, ниту шминка која што дава пластичен сјај. Користете земјени тонови и посуптилни нијанси за шминкање на очите. Така нивниот изглед ќе биде поприроден. Со потемна боја многу нежно истакнете ја контурата на окото, внатрешната страна на окото исцртајте ја со посвтла боја, која ќе ја нанесете и под самото око.
На горниот и долниот надворешен раб од окото ненесете молив, најдобро со темно смеѓа боја, за да се избегне драматичен изглед на окото. Во внатрешниот дел од окото нанесете бел молив за да се добие поотворен и понежен поглед. Нанесете смеѓа маскара (ако сте со светли очи), или со црна (ако имате црни очи) во два слоја. На усните нанесете сјај со нежна пастелна боја.
Важна напомена: шминката секогаш треба да се отстрани пред легнување. Спиењето со шминка го запира природниот процес за обновување на кожата во текот на ноќта!