Модни лекции од Мерил Стрип за беспрекорен изглед на секоја возраст
Дајте ѝ шанса на природната шминка
Можете да изгледате прекрасно и без тон шминка – сосем доволно е да нанесете малку шминка колку да ги прикриете недостатоците и да ги нагласите вашите црти.
Не заборавајте на насмевката
Сигурно сте забележале дека каде и да се појави, Мерил Стрип има широка насмевка, а токму тоа ја прави да изгледа многу помладо.
Долгите фустани се секогаш одличен избор
Ако треба да присуствувате на некој важен настан, никогаш нема да погрешите со долг елегантен фустан.
Пуштете ја косата
Малку неуредната коса може да направи да изгледате многу подобро. Нема потреба да минувате часови правејќи фризури за да изгледате одлично.
Кога не знаете што, облечете се во црно
Ако се двоумите што да носите, облечете се во црно од глава до пети. Овие комбинации секогаш изгледаат елегантно.
Најдобрите комбинации на Мерил Стрип:
Спирова С. | Црнобело