Модни лекции од Мерил Стрип за беспрекорен изглед на секоја возраст
Кога станува збор за модата, сите црпиме инспирација од некаде – социјални мрежи, веб-сајтови, филмови, но и познати личности. Всушност, познатите се и најголемите трендсетери, па можеме да научиме многу од нив.
Мерил Стрип е една од славните жени која секогаш зрачи елеганција, а уште подобро е што си има свој препознатлив стил.
Таа одново и одново ни докажува дека годините не се воопшто важни, и можете да изгледате беспрекорно без разлика на вашата возраст.
Во продолжение погледнете кои се најдобрите модни лекции што можеме да ги научиме од Мерил Стрип:
Удобната облека ви е најдобриот пријател
За да бидете модерни, не мора да носите парчиња во кои едвај дишете. Широките блузи и панталони, во комбинација со удобни сандали, можат да изгледаат многу добро.
Носете очила за сонце почесто
Биејќи денес има безброј модели, со сите бои и дезени, очилата се моден додаток што се вклопуваат во сечиј стил. А, понекогаш е доволен само пар очила за да ја комплетирате комбинацијата.
Дајте им шанса на костимите
Женските костими се безвремена класика, па осигурете се дека имате барем еден.
Впечатливи модни додатоци
Модните додатоци имаат огромно влијание врз целокупниот изглед.
Впечатливите обетки, марами, ланчиња и слично можат да јa освежат и најмонотоната комбинација.
Експериментирајте со разни материјали
Материјалите како свила можат да направат да изгледате одлично. Свилените фустани и блузи се навистина елегантни, само во овој случај немојте да ги комбинирате со други впечатливи парчиња.