Моден погодок за сезоната „пролет-лето 2020“ – плетени фустани (фото)
Можеби ќе ви биде тешко да поверувате, но еден од трендовите кои ќе ја обележат пролетно-летната модна сезона е-плетениот фустан. Секако, станува збор за деликатни, нежни плетки со памучен, односно т.н. „свилен конец“ во кои нема да зовриете поради високите температури.
Иако многумина ја преферираат белата боја за плетен фустан поради лелеавоста, нежноста и романтичноста, сепак дозволени се апсолутно сите варијации на темите бои и дезени.
Имајте предвид дека рачната изработка чини прилично скапо, па доколку вашата баба или некој што умее добро да плете може да ви направи едно вакво мало ремек-дело, со задоволство прошетајте во него во текот на претстојната сезона:
(О)Милена | Црнобело