Кошулата во риги е основа на добрите пролетни комбинации (фото)
Едно од основите парчиња гардероба сигурно е кошулата во риги, која благодарение на својата сестраност, одлично се вклопува во комбинациите низ сите годишни времиња. Но, во пролет е посебно корисна.
Благодарение на дезенот кој е доволно елегантен, а сепак опуштен, кошулата во риги е одличен баланс во секоја дневна и вечерна комбинација.
Нејзиното „лице“ зависи од тоа дали ќе ја искомбинирате со џинс или елегантни панталони, со патики или високи потпетици – па затоа вреди да инвестирате во повеќе модели и бои.
Зошто со сигурност тврдиме дека кошулата во риги е основата на добрите пролетни комбинации?
Откриваме низ неколку фотки:
М. Д. | Црнобело