Расипан часовник, очила на главата - Најчестите модни грешки на мажите
Очила на главата
Можеби ставањето на очилата на главата нема да направи да изгледате лошо, но сигурно ќе ја расипе вашата фризура.
Покрај тоа, доколку имате долго лице, очилата на главата дополнително ќе го нагласат тоа.
Најдобро е да ги чувате очилата во џебот на градите или да ги ставите на јаката од кошулата. Втората опција изгледа многу стилски.
Носење само термални панталони за вежбање
Доколку сте спортски активна личност, најверојатно вежбате и во зима. Притоа, веројатно облекувате и термална облека за вежбање.
Ако сакате да изгледате добро дури и кога вежбате, врз термалната облека секогаш облечете пар тренерки, шорцеви и слично.
Всушност, причината за ова не е само изгледот – излегувањето само по термална облека за вежбање може да биде невкусно.
Закопчување на најгорното копче од кошулата
Ако сакате да привлечете нечие внимание, никогаш немојте да го закопчувате најгорното копче од кошулата. На овој начин ќе изгледате многу подобро.
Сепак, важно е и да не претерате. Некои мажи претпочитаат да ги откопчаат и второто и третото копче, но ако не сте во ноќен клуб, ова може да изгледа невкусно.
Игнорирање на должината на ракавите
Ракавите на сакото треба да завршуваат веднаш кај вашиот зглоб.
Без разлика што ви кажале, ако сакото има премногу долги ракави, ќе изгледа како да ви е големо.
Ставање на блузата во тренерките
Доколку носите тренерки, најдобро е да не ја ставате маицата во нив. Покрај тоа што изгледа лошо, на овој начин и ќе ја истуткате блузата.
Истовремено, важна е и должината на маицата - откако ќе ја облечете, би требало да завршува до средината на подлактницата.
Спирова С. | Црнобело