Расипан часовник, очила на главата - Најчестите модни грешки на мажите
Без разлика во што веруваат повеќето, и мажите се заинтересирани за модата и се грижат за својот изглед.
Всушност, една анкета покажала дека и мажите и жените трошат речиси исто пари на облека.
Но, исто како и жените, и мажите се склони кон некои модни грешки што можат да им го уништат целиот изглед.
Доколку сакате да изгледате беспрекорно, во иднина обидете се да ги избегнувате следниве грешки:
Носење капут што е пократок од сакото
Капутот е универзално парче што би требало да се наоѓа во секој машки гардеробер. Без разлика каков е вашиот стил, капутот може да го подобри секој изглед.
Но, при одбирањето капут постои едно многу важно правило - капутот секогаш треба да биде подолг од сакото. Во спротивно, целата комбинација ќе изгледа многу лошо.
Комбинирање ранец и класично сако
Во 21-ви век можете да комбинирате секаква облека и секакви стилови. Но, сепак, постојат правила што не би требало да се прекршуваат.
Една од најчестите грешки што ја прават мажите е комбинирањето ранец со класично сако. Можете и самите да видите дека оваа комбинација изгледа навистина лошо.
Ранецот можете да го замените со машка чанта или обична торба за лаптоп.
Носење расипан часовник
Доколку сте платиле повеќе за рачен часовник, веројатно сакате да го носите во секоја прилика.
Проблемот е што некои мажи ги носат рачните часовници дури и кога се расипани или со празни батерии.
Ова е голема грешка, најмногу бидејќи расипаниот часовник ќе изгледа евтино.
Прекратка кравата
Иако ова е добро познато правило, многу мажи го забораваат.
Кога носите кравата, мора да обрнете внимание на нејзината должина. Најдобро е врвот на краватата само малку да го прекрива коланот.