Кејт Мидлтон во фустан од 2012-та, Скарлет во светки и пердуви – Најдобро облечени на BAFTA 2020
Војвотката Кејт повторно ја покажа својата скромност и заблеска во фустан кој не го носи првпат, Скарлет се надмина со моден погодок, Шарлиз Терон заблеска во виолетова тоалета – кои беа најдобро облечени на BAFTA 2020?
Вчера се одржаа BAFTA наградите во Лондон, а покрај актерите, кои ги славеа своите успеси, во публиката се најдоа принцот Вилијам и Кејт, како почесни гости на настанот.
На црвениот тепих, гостите заблескаа со своите модни избори, а Скарлет Јохансон речиси на секој настан сезонава се наоѓа на листата најдобро облечени.
Кејт Мидлтон пак, повторно се покажа со нејзината способност за модно рециклирање – се појави во фустан кој претходно го носела во 2012-та, но сепак изгледаше беспрекорно. Таа е доказ дека не мора секој пат да се облече ново парче за да изгледате добро.
Во галерија погледнете фотки од најдобро облечените на BAFTA 2020:
М. М. | Црнобело