Модна ноќ на невести: Македонски блогерки во венчаници од соништата

Свадбените фантазии на познатата инфлуенсерка Никица Ацева и моделот и блогерка Ангела Ѓоргиева станаа реалност, во пресрет на гламурозниот настан што ќе се одржи на 8 февруари (сабота) во Skopje Marriott Hotel.

modna-nokj-na-nevesti-makedonski-blogerski-vo-venchanici-od-sonishtata-01.jpg

Во специјално изработениот едиторијал, како најава за шоурумот и ревиите во склоп на програмата, тие блеснаа во ним омилените креации од сите учесници.

Никица Ацева промени четири стилски различни, ама подеднакво убави и раскошни тоалети од ателјето „Al Aparel“ на Наташа Карчева, бутикот за венчаници „Лебед", косовскиот бренд „Menakon Creations“ и ателјето „Anna Bora“, пред да го изговорат „судбоносното да“ со саканиот Дамјан Стојанов, стилизиран во елегантен црн костум од „Bitsiani“, како секогаш добитна формула за младоженици.

modna-nokj-na-nevesti-makedonski-blogerski-vo-venchanici-od-sonishtata-02.jpgдизајн: Al Aparel, фото: Marina Trajkovska

Софистицираниот и уникатен италијански накит од „SIGMA Jewelry“, пак, го облагороди и му даде посебно луксузна нота на нејзиниот целокупен изглед. Ангела Ѓоргиева, од друга страна, oсобено си го препозна сензибилитетот во венчалните фустани со потпис на „МCouture“, издвојувајќи ги личните фаворити кои таа би ги носела на свадбената церемонија во блиска иднина, пред објективот на фотографот Богдан Глишиќ.

Креациите на споменатите дизајнери и брендови, но и многу повеќе, јавноста ќе има можност да ги погледне, а и купи на претстојното издание на The Bridal Fashion Night, кое ќе се одржи наредната сабота во Skopje Marriott Hotel. Што е на програмата? По осми пат во месецот на љубовта, хотелот во срцето на метрополата ќе им ги отвори вратите на сите идни невести, кои не се само во потрага по фустанот од мечтите, туку и мноштво идеи и поволности за венчавка како од бајките.

modna-nokj-na-nevesti-makedonski-blogerski-vo-venchanici-od-sonishtata-03.jpgдизајн: Lebed, фото: Marina Trajkovska

Главна новина на настанот е шоурумот во текот на денот, кој ќе трае од 13 до 18 часот. Влезот е слободен. Посетител(к)ите ќе бидат во прилика одблизу да ги разгледаат колекциите, како и да „грабнат“ понуда со големи попусти од изложувачите. Меѓу нив се вбројуваат и „Мy Precious“, романтичното ателје и продажен салон, во чии парчиња накит е вткаена љубовта кон животот, природата и убавината, односно „Каталеја“ со богата палета на свадбени детали и украси за сечиј вкус и желби.

modna-nokj-na-nevesti-makedonski-blogerski-vo-venchanici-od-sonishtata-04.jpgдизајн: Menakon Creations, фото: Marina Trajkovska

По завршувањето на шоурумот, Skopje Marriot ќе организира и Bridal Cocktail во претседателскиот апартман, со почеток од 18 часот, кадешто идните невести ќе имаат можност да ги дознаат сите бенефити и предности, како и кратка презентација за организација на свадба во хотелот. Сите невести што ќе организираат свадба до крајот на мај 2020 година, ќе добијат дополнителен попуст од 5% на веќе промотивното свадбено мени од 1500 денари по лице.

Вечерните часови се стандарно резервирани за модните ревии, поточно сценското шоу на кое публиката од земјата и странство премиерно ќе ги види најновите модели на венчаници и свечени фустани за тековната и идната сезона. Пријавувањето за влезници е веќе во тек, а сите заинтересирани за присуство може да аплицираат преку социјалните мрежи на Тhe Bridal Fashion Night и Skopje Marriott Hotel.

modna-nokj-na-nevesti-makedonski-blogerski-vo-venchanici-od-sonishtata-05.jpgдизајн: MCouture, фото: Bogdan Glisik

Марина Трајковска е идеен автор на кампањата „Marry Мe“, чии заштитни лица се Никица Ацева и Дамјан Стојанов, oвековечувајќи ја нивната љубовна приказна на автентичен начин. За занесната шминка се заслужни „Школа за убавина АРТ”, додека фризурите се дело на вештите раце на тимот од студиото „Cool Cut”. Чевлите во кои тие го одиграа првиот танц ги обезбедија „Shevro“ и „Dias“. Прекрасните флорални аранжани и букети ги изработи Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа–Бу”.

„Пелистерка“ е официјалната вода на сите вистински невести. „Moet“ и понатаму останува присутен во сите важни моменти во животот. Ниту една свадбена веселба не поминува ни без ексклузивните партнери - винаријата „Vizba Valandovo Winery“ и ракија „Антика'.

modna-nokj-na-nevesti-makedonski-blogerski-vo-venchanici-od-sonishtata-06.jpgдизајн: Anna Bora, фото: Marina Trajkovska

modna-nokj-na-nevesti-makedonski-blogerski-vo-venchanici-od-sonishtata-07.jpgдизајн: Sigma Jewelry, фото: Marina Trajkovska

modna-nokj-na-nevesti-makedonski-blogerski-vo-venchanici-od-sonishtata-08.jpgдизајн: Al Aparel & Bitsiani, фото: Marina Trajkovska

modna-nokj-na-nevesti-makedonski-blogerski-vo-venchanici-od-sonishtata-09.jpgдизајн: MCouture, фото: Bogdan Glisik

Би можело да ве интересира:

Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото) Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg