Весели со шарена гардероба
Многу често во зима се носи црна облека. Црното е во ред; црното е „кул“. Но постојано да се носи црно и не е баш најдобра идеа. Да речеме голем број...
...мажи не сакаат кога жената е облечена постојано во црно.
Не ви е гајле за тоа? Во ред, но црната боја навистина изгледа, мрачно.
Со редовно носење на црна гардероба ги депримирате луѓето околу себе, а во крајна линија и себеси. Зимата ионака знае да биде тмурна; ќе се разведрите себеси и другите ако барем понекогаш носите облека со јаки бои.
Еве некои предлози:
Да речеме теракота, комбинација на ролка и џемпер кои и физички ќе ве загреат. Оваа боја им прилега и на бринети и на плавуши, па убаво ќе изгледа да речеме со каро пантолани.
Повеќе сакате студени бои? Нема проблем и светло син џемпер делува ведро, топол е како и сите други,а интересните детали би можеле да бидат во облик на поширока рол крагна, како и овде-онде темно сини и окер точки.
Ваквиот џемпер одлично изгледа со фармерки или тесна сукња. Секако во комбинација може да дојде и светло сина маица со цветен принт на градите. Таквата маица изгледа многу женствено.
Ако сакате нешто невообичаено, обидете се со жолтата боја (мешавина на жолто и кафено). Да речеме, јакна со патент и шал, направени од волна. Многу топло и удобно, а може да се комбинира со повеќе бои.
Можете да се обидете и со поморанџеста боја, која е многу весела боја; да речеме поморанџа маица со V изрез. Сигурно ќе ги расположите сите кои што ќе ве видат.
Сакате ексклузивен детал? Пробајте со црвен шал од кашмир и свила со долги реси. Убаво грее, а навечер може да се носи како наметка со свечен фустан.
Доколку сакате нешто, навистина впечатливо, обидете се со спортска јакна со „неон“ розева боја и поморанџасти рабови. Со тоа најдобро оди гардероба во црна, кафена или сива боја, бидејќи и контрастот е поголем. Нема шанси во таква облека да останете незабележани- па дури и во темница!