3 модни заповеди на Оливија Палермо, кралицата на стилот
Оливија Палермо веќе со години важи за една од најголемите модни икони. Каде и да се појави е прогласена за најдобро облечена.
На нејзините модни комбинации никој не е рамнодушен, а на многу дами кои негуваат префинет стил, им е инспирација.
Иако Оливија не е во фокусот како до пред неколку години, сепак нејзините модни правила треба да станат и ваши стилски заповеди.
Модна заповед број 1:
Доколку се занимавате со работа која има здодевен дрес-код, Оливија советува да си поиграте со боите. Правилото „не носете повеќе од 3 бои“ може засекогаш да замине во историјата.
Модна заповед број 2:
Секоја жена која сака да изгледа модерно и класично истовремено, задолжително треба да има на располагање црни салонки и црни чизми до колена.
Модна заповед број 3:
Доколку сакате да носите црно од глава до пети, Оливија предлага стајлингот да го разбиете со чанта во необична боја или со необичен дизајн или аксесоар како шешир или ефектен накит.,
М. Д. | Црнобело