Ѕирнете во пролетната мода
За сите оние кои нетрпеливо чекаат да заврши зимата за да може повеќе да експериментираат со изгледот, ова е можност за кратко да ѕирнете во пролетните...
...трендови кои се очекува да пристигнат годинава.
1. Враќање на боите. На пролет сè ќе се врти околу боите. Ќе се мешаат неутрални со живи и ведри бои.
2. Американски стил. Лежерна облека инспирирана од популарните американски спортови се враќа во мода.
3. Во стил на танцување. Денс стил од осумдесеттите и балетен стил.
4. Аристократски панк. Многу кожа и панк енергија.
5. Премногу шари. Ќе видите и комбинации кои се чинат неспоиви.
6. Чипка. Иако влезе во мода минатата сезона, чипката останува во мода и на пролет.
7. Пруги. Сите кои сакат морнарски стил, оваа пролет ќе бидат во центарот на вниманието.
8. Машки панталони. Панталони кои изгледаат како да сте ги украле од орманот на партнерот.
9. Металик. На пролет треба да сјаете – било од внатре било од надвор.