Правила за облекување кои инстантно ќе ве направат попривлечни
Луѓето кои се облекуваат исто како она што го виделе на куклата во излогот ја прават најголемата грешка.
Прво, никој нема идентични пропорции. Второ, едно парче облека може да стои различно доколку го искомбинирате на нов начин.
Доволно е да ги следите овие неколку правила за облекување, за да оставите впечаток дека знаете што правите и инстантно ќе изгледате попривлечно:
1. Точни пропорции
Визуелно поделете го телото на 3 еднакви дела. Блузата или кошулата не би требало да покрива повеќе од една третина. Останатите две третини би требало да бидат фармерките или здолништето.
2. Носење широка облека
Широката облека е модерна, но сако ако силуетата ја нагласите со ремен околу струкот или предниот дел од широката кошула ја вметнете во панталоните.
3. Должина на ракавите
Ракавите на сакоата и палтата би требало да завршуваат до зглобот на дланката, а разликата помеѓу ракавите на сакото и кошулата би требало да биде околу 1,5 до 2 сантиметри.
4. Кратки чизми
Носењето на кратки чизми на гола нога ви ги скратува нозете. Подобро е да ги носите со панталони или долги здолништа и доволно е да се ѕирка само 2-3 сантиметри гола кожа околу глуждот.
5. Џебно марамче
За мажите кои се двоумат каква боја на џебно марамче да одберат – одберете бела. Белото марамче е универзално. Не секогаш мора краватата да соодветствува со бојата на марамчето.