Топло и модерно - 6 тренд марами и шалови за 2019/2020
Откако температурите нагло паднаа, време е да се започне со носење на модни марами и шалови. Не само што тие ни се потребни за да нè заштитат од студот, туку и без сомнеж претставуваат моден аксесоар кој го усовршува целосниот аутфит.
Но, тука се појавуваат и прашањата: која марама да се избере? Дали е подобро да се одбере класичен шал? За која боја да се одлучам? Како да го заврзам? Најчестите двоумици на женскиот пол.
Во продолжение ви ги претставуваме актуелните марами и шалови за 2020-та година:
1. Долг и широк правоаголен шал
Овој шал претставува неопходен есенско-зимски додаток , како и универзален начин да се загреете, бидејќи може да се користи не само како шал, туку и како обвивка.
Можете да го врзете околу вратот, да го завиткате околу него, само да го наметнете околу себе, да ги скриете краевите или пак да ги оставите на повидок.
2. Шал во форма на круг
Оваа топла верзија на шал се одликува со својата едноставност и големина.
Опција која е погодна за поладно време и која ќе изгледа одлично во комбинација со волнено палто, долга јакна или пак фенси капут.
Поради специфичната плетка, најчесто овие шалови се наоѓаат како еднобојни.
3. Крзнен шал
Невообичаен и стилски. Ваквиот шал не само што ќе ве загрее, туку и ќе го претвори вашиот стајлинг во уникатен и модерен.
Крзнениот дизајн веќе одамна е во мода, затоа изборот на шал од крзно би бил полн погодок.
Покрај тоа, за да не претерувате со екстраваганција, изберете шалови од крзно од неутрална нијанса на црна, кафеава, сива или бела боја.
4. Долг волнен шал
Неспорен фаворит последниве неколку сезони.
Овие раскошни, големи плетки комбинирани со необични темни и светли нијанси дефинитивно треба да се најдат во вашиот гардеробер.
5. Кратка свилена марама
Ако сакате да го декорирате вашиот аутфит, свилената марама е онаа која остава најсилен акцент.
Може да се носи разновидно: со фустан, со здолниште или пак фармерки и кошула. Детаљ кој ја разигрува и наједноставната комбинација.
Едноставно, врзете ја вашата марама околу вратот и вашиот аутфит е готов.
6. Шалови во разни дезени
И за оние најхрабрите, коишто секогаш сакаат да експериментираат, како последни ги наведуваме шарените шалови.
Во риги, карирани, точкести и разнобојни шалови со разни дезени се секогаш добредојдени.
Доколу не сте од оние што би се осудиле на мешање на повеќе дезени и бои, непогрешлива варијанта е еднобојната комбинација која ќе ја зачините со овој прекрасен аксесоар.
Мила М. | Црнобело