Тренд бои за 2019/2020 во кои никогаш нема да изгледате здодевно
Добро познато ни е дека девојките се склони на промени и експериментирање, па многу често знаат да се почувствуваат здодевно во својата кожа.
Ви ги претставуваме топ петте бои за 2019/2020 кои ќе ви донесат смел и освежувачки изглед и со сигурност ќе ја подигнат вашата самодоверба:
1. Боја на ф'стаци / Pistachio green
Знаеме дека зелената боја важи за боја на природата којашто последниве години е меѓу омилените кај голем дел од женската популација.
Зелената боја на ф'стак ќе направи да се чувствувате освежувачки и весело, што и да облечете. Оваа смирувачка боја ќе придонесе за вашата комоција, а во исто време и ненаметливо ќе ве однесе во центарот на вниманието.
2. Боја на путер / Butter yellow
Жолтата боја психолошки гледано важи за најсреќната боја во палетата. Таа се смета за најсјајната боја којашто верувале или не го привлекува вниманието повеќе од било која друга.
Оваа нијанса на путер ќе направи да зрачите со оптимизам, креативност и топлина.
3. Боја на црвен кармин / Lipstick red
Оваа боја со сигурност е најпривлечната и највпечатливата боја која поседува моќ вашата женственост да ја доведе до највисоката нагорна линија.
Иако важи за една од посмелите бои, не двоумете се да ја одберете и преку неа да ја покажете вашата целосна енергија и доминација.
4. Кралско виолетова / Royal purple
Виолетовата боја е бојата на луксузот. Таа ја симболизира моќта, независноста и мудроста такашто доколку се одлучите за ваква комбинација, едно е сигуно, а тоа е дека ќе зрачите со уникатност.
5. Боја на лосос / Salmon pink
Оваа боја ја претставува мирната страна на црвената, која пак предизвикува страст, акција и доминантност. За разлика од неа, розевата боја ја демонстрира љубовта, нежноста и слаткоста.
Доколку претходните горенаведени нијанси се премногу агресивни за вас и сакате да оставите впечаток на природна и опуштена девојка, оваа нијанса е вистинскиот избор за вас.
Мила М. | Црнобело