Модни трендови од 2000-та година кои повторно стануваат хит

Доколку се сеќавате на модата од 2000-тите, нема да бидете многу среќни кога ќе слушнете дека повторно се враќа во 2020 година.

FotoJet (5)_630x340.jpg

Откако завршија модните недели во Њујорк, Лондон, Милано и Париз, можеме со сигурност да кажеме дека трендовите од 2000-тите повторно се враќаат во мода, но овојпат многу пософистицирани.

Во продолжение погледнете кои трендови од 2000-тите, повторно ќе бидат во мода наскоро:

Фармерки со низок струк

Кога конечно се навикнавме на фармерките со висок струк, фармерките со низок струк повторно се враќаат во мода. Париз Хилтон и Линдзи Лохан направија овој тренд во 2000-тите да се издигне, носејќи фармерки со низок струк дури и на црвениот тепих.

Коментарите на Твитер поврзани со враќањето на овој тренд не се баш најдобри, сите се надеваат дека овој тренд еден ден конечно ќе изумре и дека повторно ќе можеме да уживаме во фармерките со висок или нормален струк.

FotoJet_630x340.jpg

Очила за сонце во боја

Мораме да признаеме дека очилата за сонце во боја беа едни од најинтересните трендови што се носеа во 2000-тите. Џастин Тимберлејк и Олсен близначките беа само едни од повеќето познати кои уживаа носејќи ги насекаде.

Тие не се баш практични и не ги заштитуваат очите од сонцето, но се навистина интересни. Сестрите Бела и Џиџи Хадид веќе почнаа да ги носат овие очила, а исто така и да објавуваат многу Инстаграм фотки со нив.

FotoJet (1)_630x340.jpg

Брендирани тренерки

Не постои девојка која растела во 2000-тите, а не поседувала пар еднобојни тренерки. Нив ги носеа сите, почнувајќи од Бијонсе и Џенифер Лопез па до сите тинејџери по улиците.

Овојпат овие тренерки се враќаат во мода, но се многу пософистицирани. Adidas и Nike се компаниите кои овојпат го преземаа овој тренд на еднобојни тренерки.

FotoJet (2)_630x340.jpg

Розово, розово, розово

Розовата боја повторно се враќа во мода и овојпат ќе ја има во сите нови колекции во продавниците.

FotoJet (3)_630x340.jpg

Сè што е мрежесто

Мрежестите хулахопки кои беа хит во 2000-ите повторно се вратија на модната сцена пред неколку години, а ќе останат да бидат хит и во наредниот период насекаде. 

FotoJet (4)_630x340.jpg

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg