Како да изгледате 10 килограми послабо - Совети од модните експерти
Понекогаш е невозможно да одвоите време за вежбање и готвење, па нормално е да качите некој килограм. За среќа, можете да го скриете тој вишок со помош на вашата гардероба.
Погледнете како да изгледате послабо со овие стилски совети од модните експерти:
V јаката ви е најдобар пријател
Јаката со форма на буквата V визуелно го издолжува вашето тело, со тоа правејќи да изгледате послабо.
Колку пооткриен ви е делот помеѓу вратот и градите, толку повисоко ќе изгледате.
Истовремено, оваа јака додава рамнотежа доколку имате пошироки колкови.
Штикли со шпиц
Високите потпетици со шпиц ќе направат чудо за вашиот изглед. Секоја жена изгледа неколку килограми послабо кога носи чевли со високи потпетици, но оние со шпиц даваат уште подобар ефект.
Со овие чевли, вашата фигура ќе изгледа подолго и поелегантно.
Инвестирајте во добар градник
Градникот со добар крој може многу да го промени изгледот на вашата силуета.
Повеќето жени не се ни свесни дека носат градник со погрешен број, па обидете се да го најдете оној што вистински ви договара. Веднаш ќе забележите дека изгледате послабо.
Мидерот е секогаш добра идеја
Слободно инвестирајте во квалитетен мидер. Мидерот ќе направи да изгледате одлично, особено ако носите фустан.
Внимателно одбирајте го накитот
Долгите ѓердани му даваат должина на краткиот врат. Исто така, тие го одвлекуваат вниманието од колковите и од предниот и средниот дел на телото.
Едноставните фармерки се најдобриот избор
Ако сакате да изгледате послабо, најдобро е да одберете фармерки со едноставен крој, кои немаат многу детали.
Најдобри се моделите со црна боја и рамни ногавици.