Ултра кратки шорцеви и бохо комбинации – Ирина Шајк и Каја Гербер главни на ревијата на Isabel Marant (фото)
Ултра кратките панталони и бохо модни парчиња беа главен тренд, а Каја Гербер и Ирина Шајк ја вжештија атмосферата во облачниот Париз, на ревијата на Isabel Marant.
Иако дождливи облаци го покриваа Париз вчеравечер, колекцијата за пролет 2020 на Isabel Marant ја вжешти атмосферата и ја долови идејата за „бесконечен одмор“.
Како најголем тренд се истакнаа ултра кратките шорцеви кои повторно се враќаат во мода искомбинирани со бохо парчиња.
Дводелните комплети и комбинезоните во бохо стил исто така оставија впечаток, а Ирина Шајк, Каја Гербер, Ева Херцигова и Џиџи Хадид владеја на пистата.
https://www.instagram.com/p/B24u2QtBkBT/
Погледнете ја колекцијата на Isabel Marant за пролет 2020:
М. М. | Црнобело