Модни грешки кои ги прават сите мажи, заради кои изгледаат несредено
Модата се менува постојано, но вашиот стил останува. Добро е да знаете дека луѓето ги забележуваат дури и најмалите детали во вашиот изглед, а тоа може да има влијание врз мислењето што го имаат за вас.
Бидејќи следењето на модните трендови може да биде проблематично, погледнете кои се модните грешки што најдобро би било да ги избегнувате.
Не носите чорапи
Обувките за на плажа и сандалите се единствените чевли што можете да ги носите без чорапи. Бидејќи вашите нозе се потат во текот на денот, можете лесно да ги оштетите кои било обувки.
Истовремено, тие можат да почнат да мирисаат. Доколку не сакате да ви се гледаат чорапите, денес има решение и за тоа, па побарајте ниски чорапи. Тие ќе ви го покријат само стапалото, а ќе бидат „невидливи“ надвор од обувките.
Бонус: Со или без чорапи: Како правилно се носат 10 различни модели на машки чевли?
Погрешна должина на кошула
Лежерната кошула е одлична за многу прилики, а многу мажи купуваат подолги кошули за да прикријат некој проблем на телото. Но, овие кошули се направени за во панталони, затоа се и подолги.
Доколку сакате поопуштен изглед, одберете пократка кошула. Главното правило е најдолниот дел на кошулата да не биде многу подолг од зглобовите и да не биде подолг од џебовите на панталоните.
Носите формална кошула извадена од панталоните
Формалните кошули, особено белите, се дизајнирани за формални панталони. Ова значи дека ако сакате да изгледате добро, никогаш не треба да ги носите овие кошули со фармерки или неформални панталони.
За полежерен изглед одберете потесна кошула во боја.
Не го земате предвид типот на вашето тело кога купувате вратоврска
Воглавно се смета дека вратоврската не треба да биде поширока од 9,5 центиметри или да биде подолга од коланот. Сепак, кога одбирате вратоврска важно е да го земете предвид и типот на вашето тело.
На пример, многу слаби мажи одбираат прешироки вратоврски за нив, па целата комбинација изгледа неуредно.
Откопчувате премногу копчиња од кошулата
Иако закопчувањето на сите копчиња не секогаш е добра идеја, и покажувањето премногу кожа е исто проблематично. Во повеќето случаи, доволно е да откопчате 1 или 2 копчиња од јаката за полежерен изглед.
Доколку сте на неформален настан, можете да откопчате и 2 копчиња од доле.