Идеи за нежен и впечатлив француски маникир
Трендовите за убавина постојано се менуваат, па понекогаш е навистина тешко да ги следите. После неколку хитови, на модната сцена повторно се враќа францускиот маникир.
Овој маникир им беше омилен избор на многу дами, најмногу бидејќи е практичен, не е нападен и одговара на секаква облека. Покрај тоа, ноктите изгледаат уредно дури и после еден месец.
Денес францускиот маникир повторно си ја враќа популарноста, и тоа со нови и разни верзии. Сега можете да одберете маникир со дебела линија и нокти во форма на бадем, француски маникир во боја, па дури и омбре француски маникир.
Можеби најпопуларен за оваа година е францускиот маникир со тенка бела линија и пократки нокти.
Доколку ви е потребна инспирација, погледнете ги идеите во продолжение.
Спирова С. | Црнобело