Како да комбинирате долги фармерки со отворени сандали?
Иако е лето и температурите се над 30-ката, сепак има ситуации и пригоди во кои е непристојно да ги разголите нозете, па мора да одберете долги фармерки.
Сепак, сандалите се најголемата летна љубов на жените, па неретко решаваат да ги спојат со долгите фармерки.
Како да не погрешите во оваа стилска формула?
Преферирајте тесни модели, кои завршуваат до или над глуждот и не го покриваат ремчето од сандалата.
Доколку се одлучите за нешто поширок модел, повторно внимавајте на должината, која не смее да ја покрива сандалата.
Искинатите фармерки се добри за лежерни, дневни изданија. За вечерните пригоди, комбинирајте со лелеави кошули.
Неколку идеи како успешно да носите отворени сандали со долги панталони:
М. Д. | Црнобело