По наредба на Канје Вест: 18 модни комбинации кои мораше да ги носи Ким Кардашијан
Раперот обожава да се плетка во гардероберот на сопругата, ама и да ја користи старлетата како подвижна реклама за неговиот бренд, па неретко тој ѝ заповедува како да се „дотера“ за одредена пригода.
Веројатно не постои жена на која не ѝ ласка вниманието на партнерот при изборот на облеката. Меѓутоа, ниту еден маж не е позаинтересиран за изгледот на втората половина од ексцентричниот рапер Канје Вест.
Раперот има посебна страст кон модата, а сопругата Ким Кардашијан е неговиот најголем проект.
За мир во куќата, или, пак, од желба да му го испромовира брендот Yeezy, сведоци бевме на крајно невообичаени изданија со кои старлетата се појави во јавност. Гледајќи ги фотките, повеќе од јасно е чија идеја била комбинирањето чорапи со папучи, како и за останатите аутфити.