Каква брада е за вашето лице?
Како што постојат различни фармерки и јакни за различен облик на телото така и ист облик на брада не им одговара на сите. Брадата и фризурата треба да...
...бидат прилагодени и за вас и на трендовите.
Прво што треба да направите е да процените каков е обликот на вашето лице, а потоа да изберете каква брада најмногу ви одговара.
1. Квадратно лице.
Дејвид Бекам е пример за личност со вакво лице, па инспирацијата може да ја побарате кај него. Тежнејте кон стил кој оптички ќе направи вашето лице да изгледа поокругло.
Пуштете ја брадата од надворешната страна неколку недели, а потоа со ножички скратете ја должината.
За глатка површина околу устата и брадата, најдобро е да посетите бербер, барем на почетокот додека не се усовршите во одржувањето.
2. Облик – правоаголник, долгнавесто лице.
Брадата би требало оптички да го скрати вашето лице. Том Форд е пример за личност со ваков облик на лице.
Доволно е да ја пуштите брадата да расте една недела, и да се бричите потоа на 3 дена за да го одржувате обликот.
3. Округло лице.
Избегнувајте нагласени бакенбарди. За вас се идеални стилизираните брадички како Канје Вест. Потребни ви се остри линии кои ќе ги одржувате со брич.
Клучот за овој изглед е остатокот од лицето да биде избричен совршено добро.
4. Триаголно лице.
Мажите со овој облик на лице имаат нагласена брада. Најдобар избор е брадичка во стилот на Ryana Gosling.
Малку разбушавена која е лесно за одржување. Сè што треба да направите е да ја пуштите да порасне и да ја одржувате линијата со образите и бакенбардите во добра форма.