8 парчиња облека кои се опасни по здравјето ако ги носите секој ден
Не, тука не говориме за танга гаќичките, туку за парчиња облека кои голема е веројатноста дека и вие ги носите секој ден.
Модата на моменти е епидемија, па се случува да носиме парчиња облека кои се штетни по нашето здравје.
Но, дали сте знаеле дека и носењето на некои од „најобичните“ парчиња секој ден може да ви наштети?
Парчиња облека кои се опасни по здравјето ако ги носите секој ден:
Тесни фармерки
Ова дефинитивно е најносеното парче облека на светот. Mногу девојки и жени избираат претесни модели за да ја истакнат убавината на нивните колкови и нозе.
Но, ваквите модели ја попречуваат циркулацијата на крвта и функционирањето на крвните садови, што води до проширени вени и формирање на целулит.
Koжата нема можност да „дише“, а се појавуваат и поткожни влакна поради тоа што материјалот е премногу залепен за телото.
Високи потпетици
Високите потпетици ја истанчуваат вашата фигура и ве прават женствени, но не треба да се носат секој ден.
Предизвикуваат болки во грбот, нозете и отекување. Може да предизвикаат дури и интервертебрална хернија на ‘рбетот.
Чевли со рамен ѓон
Балетанките и сосема рамните сандали може ви изгледаат практично, но ортопедите велат дека може сериозно да му наштетат на вашето здравје.
Тежината на стапалото не е правилно распоредена, па доаѓа во проширување на крвните садови, кои полека ја губат способноста да се стеснат. Исто така, стапалата стануваат многу „рамни“, па доаѓа до болки во нив и грбот.
Може да дојде и до деформација на колената и глуждовите.
Пуш-ап градници
Визуелно пуш-ап градниците прават вашите гради да изгледаат поголеми и заоблени. Но, вистината е дека тие ги деформираат вашите гради.
Со вакви градници градите стануваат зависни од вештачка потпора и ја губат формата. Плус, постојано им прават притисок на крвните садови, како и млечните жлезди, па може дури да бидат фактор плус во развојот на рак.