8 парчиња облека кои се опасни по здравјето ако ги носите секој ден

Очила за сонце

Очилата за сонце не се само моден додаток, туку и неопходност кога сончевите зраци се силни. Но, нив не треба да ги носите навечер или на затворено кога нема доволно светлина.

Во овој случај му штетат на вашиот вид и го зголемуваат ризикот од развој на катаракта. Плус, мора да внимавате на квалитетот на стаклата за да не ви го оштетат видот.

8-parchinja-obleka-koi-se-opasni-po-zdravjeto-ako-gi-nosite-sekoj-den-06.jpg

Најлонски хулахопки

Тие ви ги издолжуваат нозете и прават да изгледате елегантно. Но, константното носење може да ви наштети.

Нивниот синтетички состав ја задржува влагата и како резултат на тоа поголем е ризикот од вагинални инфекции.

Претесните хулахопки наменети за визуелно слабеење на фигурата пак ја спречуваат циркулацијата на крвта, предизвикуваат проширени вени и целулит.

8-parchinja-obleka-koi-se-opasni-po-zdravjeto-ako-gi-nosite-sekoj-den-08.jpg

Чанти

Во чантите можеби го криете вашето мало богатство, но оние на едно рамно се лоши за вашето здравје.

Целиот товар е на едното рамо рамениот зглоб и интервертебралните дискови, што доведува до сколиоза. Поради неправилната распределба на тежината мускулите се под стрес, а исто така и крвните садови кои го хранат мозокот.

8-parchinja-obleka-koi-se-opasni-po-zdravjeto-ako-gi-nosite-sekoj-den-07.jpg

Пижами

Животот без вашите меки, удобни пижами, ви е незамислив зарем не?

Претесните или предебели пижами кои топлат премногу го предизвикуваат развојот на бактериите, што води до иритација и чешање.

За жените со хронични вагинални инфекции се препорачува спиење без пижами и долна облека.

8-parchinja-obleka-koi-se-opasni-po-zdravjeto-ako-gi-nosite-sekoj-den-09.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
18 парчиња облека кои жени ги сошиле дома, а личат како да се од продавница (фото) „Си го сошив фустанот за церемонија на доделување награди. Материјалот со свилен...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg