Дали брадата е симбол на машкоста?
Факт е дека брада и мустаќите во голема мера можат да го подобрат или влошат изгледот на мажот. Контурите на лицето и густината на брада можат значително да влијаат врз тоа дали брада на мажот ќе му стои добро или не.
За изборот на брадата најмногу одлучуваат лични преференции, стилот и впечаток кој некој сака да го постигне кај другите мажи или жени. Каков впечаток оставаат мажи со брада? Со други зборови, дали брадата е симбол на машкоста? Како на неа се гледало низ историјата, а како денес?
Овој феномен можеме да го гледаме од аспект на биологија. Првите луѓе биле значително повеќе влакнести на сите делови на телото, како и на лицето. Брадите во тоа време се користеле за да остават впечаток на опасен маж, во борбата за опстанок. Исто така, биле многу корисни во текот на зимските месеци.
Ова значи дека влакнетоста, било на лицето или на нозете, не е само биолошки, туку естетски и социјално утврдена. Дали брадата во моментов е естетски и општествено прифатлива? Да.
Во последниве години брадите станале многу популарни, заедно со хипстерскиот стил.
Меѓутоа, брадите не биле секогаш популарни во текот на историјата. На пример, Александар Македонски ги терал своите војници да се бричат. Тој сметал дека брадата може да го ослабне војникот, бидејќи непријателот може да го повлече за неа, па војниците биле лесно препознатливи по избричените лица.
Од друга страна, избриченото лице честопати се поврзува со младоста, а со само тоа може да биде синоним за незрелост. Ова поврзување е засновано исклучиво на првиот впечаток.
Мажите со бради, затоа, на прв поглед делуваат сериозно и оставаат впечаток на вистински „алфа мажи“.
Во таа смисла слободно можеме да кажеме дека брадата е симбол на машкоста, но исто така може да биде симбол на неуредност. Порано основната хигиена не била достапна за сите, па избриченото лице тогаш претставувало престиж.
Ашера | Црнобело