Пролетни, комплетно црни модни комбинации
Додека за повеќето пролет значи конечно излегување од црната монотонија, за оние вљубениците во црната боја, може да биде вистински моден предизвик.
Комплетно црните модни комбинации се заводливи, едноставни и моќни, но малку потешки за носење кога температурите се во пораст, а сите пролетни парчиња облека доаѓаат во пастелни тонови и со весели шари.
Сепак, со помош на неколку основни црни парчиња, како што се црните фармерки, тенки џемпери, кожени јакни, кошули и маички со тантела, може да создадете совршени црни аутфити за потоплите денови.
Во продолжение, неколку идеи од девојките кои знаат како се носи црно во пролет:
М. Д. | Црнобело