Едвај чекаме смело да зачекориме во флуоресцентни „неон“ чевли! (фото)
Флуоресцентните бои повторно се враќаат во мода на голема врата. Трендот го дочекаа со отворени раце „уличните“ брендови како Зара, но и престижните модни куќа како Прада.
Ова е дефинитивно тренд наменет за храбрите дами кои смело ќе зачекорат во обувки со „неон“ боја, како жолта, зелена, циклама, розова, портокалова или пастелно сина.
Освен чевлите, сезонава дефинитивно ќе биде обоена во неон нијансите и во поглед на модните додатоци, како чантите и накитот.
Флуоресцентните бои одлично се надополнуваат со неутралните, а повеќе прилегаат на исончан тен, па токму затоа се очекува да бидат најголем моден погодок за време на потоплите летни месеци.
Можете да ги комбинирате со здолништа, фустани, панталони и фармерки, во секој случај нема да погрешите:
(О)Милена | Црнобело