Тесни фармерки, токсични материјали: Модни парчиња кои му наштетуваат на здравјето

Иако никој не ги гледа како сериозна закана по здравјето, сепак некои парчиња облека и модни додатоци може да му наштетат.

tesni-farmerki-toksichni-materijali-modni-parchinja-koi-mu-nashtetuvaat-na-zdravjeto-01.jpg

Веројатно многупати досега сте слушнале дека не е добро да се носат премногу тесни фармерки, но сепак го игнорирате тоа.

Ретко кој верува дека облеката може сериозно да наштети, но време е да го промените мислењето.

Во продолжение погледнете неколку можни сценарија кога модните парчиња го уништуваат здравјето:

Претесна облека

Иако тесните (skinny) фармерки ви ја истакнуваат фигурата и се чувствувате подобро во нив, сепак може сериозно да му наштетат на здравјето.

Тие премногу ги стегаат нозете, ги притиска нервите и ја попречува слободната циркулација на крвта, а тесниот струк може да предизвика болки во желудникот и целиот абдомен.

tesni-farmerki-toksichni-materijali-modni-parchinja-koi-mu-nashtetuvaat-na-zdravjeto-02.jpg

Токсични и материјали кои не дозволуваат кожата „да дише“

Вештачките материјали како полиестер, акрил и најлон се полни со хемикалии, а истражувањата покажале дека присуство на штетни супстанци се пронајдени во производи на многу светски брендови.

Овие супстанци предизвикуваат многу проблеми – од иритација на кожата, до алергии и заболувања на бубрезите и црниот дроб.

Исто така, во облеката која не ѝ дозволува на кожата да дише, влагата се собира и кожата е одлично место за развој на бактерии и габи.

tesni-farmerki-toksichni-materijali-modni-parchinja-koi-mu-nashtetuvaat-na-zdravjeto-03.jpg

Тешки чанти

Веројатно и за ова сте слушале премногу пати дека не треба да го оптоварувате грбот со тешки чанти, но, што може да направите?

Едноставно е, испразнете ја, бидејќи претераниот товар врз грбот и рамената е многу штетен.

Нерамномерното изложување на тежина води до сериозни болки, искривување на грбот, главоболки и непријатно чувство во рацете.

tesni-farmerki-toksichni-materijali-modni-parchinja-koi-mu-nashtetuvaat-na-zdravjeto-04.jpg

Шалови и капи

Нема ништо лошо во модните додатоци кои служат за затоплување, освен тоа што се перат многу поретко од што треба.

Крзната на јакните, шаловите, марамите, капите и ракавиците собираат многу пот, секрет и нечистотии и бактерии.

tesni-farmerki-toksichni-materijali-modni-parchinja-koi-mu-nashtetuvaat-na-zdravjeto-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 парчиња облека и чевли кои треба да престанете да ги купувате Едни парчиња облека се непрактични, други делуваат смешно, а има и такви кои се ...
7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки Обрнувате ли внимание на рабовите, големината на алките за ремен или на нитните?...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg