Чудните пози на моделите на Zara - мета на потсмев на интернет
Фотките за промоција на капути и јакни од Zara предизвикаа онлајн дебата. Интересно или непрактично, што мислите вие?
Брендот Zara има добро зацврстено место на светскиот пазар, но и покрај тоа што е омилен луѓето не можеа да не го прокоментираат бизарниот начин на онлајн претставување на моделите.
Манекенките со парчињата од Zara позираат во чудни пози и не можете убаво да видите како изгледа облеката.
Фановите коментираа дека е невозможно да купите нешто онлајн затоа што на пример капутот не можете да го видите бидејќи манекенката го носи наопаку. Други заклучија дека ова е претерување со експериментирањето и не е добра промоција на облеката.
Фотките кои предизвикаа онлајн дебата:
С. С. | Црнобело