Би платиле ли $500 за чорапи?
Фенси чорапи и хулахопки се повеќе од популарни оваа сезона благодарејќи на големите дизајнерски имиња како Прада и Живанши кои по своите писти...
...пуштија фантастични нови модели.
Всушност, Њујорк Пост пред неколку дена објави дека се продаваат чорапи од $500 од познатата модна куќа Родарте. Да, $500 долари. За чорапи.
Секако волната од која што се направени чини повеќе од обичните памучни чорапи, но дизајнерската етикета е тоа што всушност ја прави цената на овие чорапи.
Кога нас би не прашале овие плетени чорапи се баш грди. И секако се крајно непрактични затоа што се полни со дупки и не можат да се перат. А, што е најстрашно и самата дизајнерка изјавила дека самата никогаш не би ги облекла.
Како бонус уште неколку смешно скапи чорапи и хулахопки.
Оскар Де Ла Рента - $990
Стела Мекартни - $625
Ралф Лорен - $200
Искрено, би дале некогаш толку пари за чорапи?