Сиромашна учителка докажува дека парите не се пресудни за стилот (фото)
Таа има скромни примања, но тоа не ја спречува да изгледа како модна икона. Купува евтини парчиња облека и ги носи одново и одново.
Линдзи Једнак го води Инстаграм профилот „Тhe fashionably broke teacher”.
Почнало како забава, но сега таа има многу следбеници кои ги интересира нејзиниот моден стил, кој е шик мешавина од бои и дезени.
Таа самоуверено носи, црвено, портокалово, жолто и бестрашно комбинира принтови.
Во овој период од годината Линдзи обожава топли џемпери, миди здолништа и други модни парчиња во кои се чувствува комфорно. Во нив вели дека нема потреба да се грижи дали задникот ѝ е голем или има некој килограм вишок.
Таа е учителка со скромни примања и вели дека главен приоритет не ѝ се парите, туку тоа да направи разлика. Порачува дека ако некој нема пари, тоа не значи дека не може да има добар стил.
Дел од нејзините фотки:
С. С. | Црнобело