Парчиња облека кои ќе направат на 35+ да изгледате како да имате 25 години
Класични патики
Дизајнерите постојано смислуваат нови луди модели на патики, но класичните бели патики се нешто со кое нема да погрешите. Ќе изгледате кул и младешки.
Бела маица
За да се облекувате добро, не значи дека треба да правите комплицирани комбинации, Добро искомбинираната бела маица може да направи чуда.
Ролка
Ова е незаменливо парче за креативни индивидуи. Може да се комбинира на милион начини и со нејзина помош да го балансирате изгледот на вашата фигура.
Свилена марама
Класичните дезени никогаш не излегуваат од мода, па свилената марама може да ви биде наследена и од мајка ви или баба ви.
Тесни фармерки
Одговараат на секоја форма. Нека бидат до глуждот во комбинација со впечатливи чевли.
С. С. | Црнобело