Парчиња облека кои ќе направат на 35+ да изгледате како да имате 25 години
Кој рече дека кога ќе наполните 30 години плакарот треба да ви биде полн само со здодевни монохроматски парчиња? Некои забавни парчиња едноставно се must have.
Се верува дека жените откако ќе наполнат 30 години треба да се облекуваат посериозно.
Тие треба да исфрлат сè што има нетипичен крој и е во ведра боја од гардероберот. Не, не е така!
По 30-тата жените треба да носат парчиња облека кои прават да се чувствуваат женствено и убаво.
Парчиња облека кои ќе направат на 35+ да изгледате како да имате 25:
Крзнена јакна
Јакната од вештачко крзно нека ви биде до колковите и носете ја секој пат кога сакате да додадете драматична нота на изгледот. Комбинирајте ја со фармерки и чизми во текот на денот, а со фустан за вечерни пригоди.
Миди здолниште
Заменете ги здодевните панталони и фармерки со миди здолниште и ролка или џемпер горе.
Маичка со риги
Хоризонталните риги секогаш се ИН. Комбинирајте ги со монохроматски парчиња.
Јакна бомбер
Јакната со ластици на ракавите и кај струкот е задолжителна како во машкиот, така и во женскиот плакар. Комбинирајте ја со фармерки и ставете некој детаљ во впечатлива боја.
Капут
Изберете капут од природна волна за да ве стопли. Нека биде во земјени тонови за да го привлече вниманието кон вашата силуета.