Како да се ублажи катастрофата наречена онлајн шопинг?
Интернетот е преполн со сведоштва за тоа како е лоша идеја да се купува облека преку онлајн продавници.
Купувачите често добиваат производи кои воопшто не личат на она што било рекламирано. Некои од нив се разочаруваат, но постојат и такви кои се обидуваат да го извлечат најдоброто од ситуацијата.
Агне од Литванија е модна блогерка која решила да експериментира со бутиците на Фејсбук и да нарача три модни комбинации.
Знаејќи дека од тоа ќе излезе вистинска катастрофа, била подготвена и да ги примени сите можни „оружја“ за нејзино ублажување.
Модна комбинација 1
Ниту еден параметар не се поклопувал со описот. Фустанот ниту бил свилен, ниту пак кројот бил ист со рекламираниот.
Откако слатко се изнасмеала за ситуацијата, одлучила да го трансформира фустанот во нешто што може да го носи.
Така, го испеглала и облекла долна облека во боја на кожа и го искомбинирала со украсен ремен.
Модна комбинација 2
Разочарувањето било исто како и со првиот фустан. Боите биле побледи, а материјалот многу неквалитетен.
За решавање на оваа ситуација применила слични трикови како и со првиот фустан.
Со пеглање, прекројување и вадење на некои детали и комбинирање со џемпер и чанта, добила симпатична модна комбинација.
Модна комбинација 3
Зелената комбинација која изгледа шик на рекламата, во реалноста всушност изгледа евтино и излитено.
За средување на оваа мешаница, применила познат трик на модните блогерки - во еден изглед мешаат евтини и скапи парчиња и додаваат тренди детали.
Исто така, таа советува при ваква катастрофа, да се потпрете на шминката и добрата фризура.
Е. Д. | Црнобело