Како да одберете штикли кои ќе ви бидат удобни и нема да изгледате смешно?

Жените во штикли навистина изглеаат поженствено, но само доколку во нив се чувствуваат удобно.

kako-da-odberete-shtikli-koi-kje-vi-bidat-udobni-i-nema-da-izgledate-smeshno-01.jpg

Доколку штиклите ви се превисоки, претесни или неудобни, верувајте дека тоа го забележуваат и оние од страна, бидејќи одот не ви е природен, а женственоста се губи.

Секако, и вие не сакате да ја чувствувате неудобноста и болката во стапалата, па како да одберете совршени штикли?

Потребно е да се држите до одредени правила кои ќе ви бидат услов при купувањето, а не само да го гледате надворешниот изглед.

Како успешно да одберете удобни штикли:

Оптимална висина на штиклата за секој ден

Колку и да сакате високи штикли, за секојдневно носење, ќе мора да одберете поскромни опции, бидејќи во спротивно може да си создадете сериозни здравствени проблеми и повреди.

Доколку не сакате да ги замените штиклите со рамни чевли, тогаш држете се до следниве препораки:

  • Докторите велат дека за секојдневни пригоди, штиклата не треба да биде повисока од 4-6 cm, за да не го оптоварувате ‘рбетот.

kako-da-odberete-shtikli-koi-kje-vi-bidat-udobni-i-nema-da-izgledate-smeshno-02.jpg

  • Обрнете внимание на растојанието помеѓу штиклата и ѓонот (плутата). Колку е повисока штиклата, толку ќе биде помало растојанието, а растојание од 6 cm се смета за безбедно за стапалото да биде стабилно.

kako-da-odberete-shtikli-koi-kje-vi-bidat-udobni-i-nema-da-izgledate-smeshno-03.jpg

Идеална висина за вечерни штикли

За посвечени пригоди или излегувања, може да си дозволите повисоки штикли од 4 cm, но за да ја добиете оптималната висина на штикла за вас, ќе треба да земете неколку мерки и да пресметате.

  • Прва опција: измерете ја висината на вашето тело и должина на нозете од колк до стапало, а потоа пресметајте според следната формула: [(висина / должина на нозе) – 1.61] * 10 = идеалната висина на штикла за вас.

kako-da-odberete-shtikli-koi-kje-vi-bidat-udobni-i-nema-da-izgledate-smeshno-04.jpg

  • Втора опција: седнете на столче и испружете ја едната нога напред, но не го виткајте стапалото. Измерете го растојанието од петата до табаните, како на сликата. Добиената мерка ќе биде еднаква на висината на идеалната штикла за вас за стапалото да паѓа природно.

kako-da-odberete-shtikli-koi-kje-vi-bidat-udobni-i-nema-da-izgledate-smeshno-05.jpg

Бонус совети

Големина

Многу девојки купуваат помал број или број кој целосно соодветствува на стапалото бидејќи така мислат дека ќе им биде поудобно, но всушност, подобро е да одберете еден број поголем за да не ве стегаат, плус да имате можност да додадете силиконски влошки.

kako-da-odberete-shtikli-koi-kje-vi-bidat-udobni-i-nema-da-izgledate-smeshno-06.jpg

Материјал

Чевлите кои се направени од вештачки материјали, по правило, многу потешко ја следат природната линија на стапалото и прстите, па затоа се создаваат искривувања и деформација на стапалата и прстите.

kako-da-odberete-shtikli-koi-kje-vi-bidat-udobni-i-nema-da-izgledate-smeshno-07.jpg

Позиција на штиклата

Штиклата не треба да биде позиционирана навнатре или нанадвор, туку треба да оди рамно надоле, па бидете внимателни уште додека сте во продавница и проверете дали при одење се изместува.

kako-da-odberete-shtikli-koi-kje-vi-bidat-udobni-i-nema-da-izgledate-smeshno-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт ...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
Моден водич за мажи: Лекции од Микеле Мороне за да изгледате како италијански заводник Костум со класичен крој, фармерки кои ја следат линијата на телото. Модниот стил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg