Есенски модни комбинации за полнички девојки - носете ги килограмите самоуверено (фото)
Модата одамна престана да биде наменета само за овие или оние, разделени во неколку категории поради вагата за мерење на килограмите.
Студеното време не значи дека треба да им кажеме збогум на фустаните и кратките здолништа. Исто така, во заблуда сте, доколку сметате дека жените со изразени облини не треба да парадираат наоколу во овие модни парчиња.
Единствениот совет за сите типови на девојки – заборавете на здолништата со многу набори, тие навистина не ѝ ласкаат на ниту една женска фигура.
Одберете сукња во А крој и имајте на ум дека особено модерна е миди-должината. Доколку пак сте пониски, може да одберете покус модел над колена, со цел визуелно да ве истанчи.
Ваквото здолниште комбинирајте го со кошули, блузи, маички, кожена јакна или мантил, во зависност од пригодите. Чизмите до глужд се многу подобар избор за разлика од оние повисоките до колена, бидејќи вторите ќе ви ги „скратат нозете“.
Ова се неколку модни комбинации во кои може да уживате оваа есен, дури и со повеќе килограми кои секогаш треба да знаете „да ги носите“ самоуверено:
Комбинации со здолниште
Комбинации со панталони
Комбинации со сакоа
Комбинации со фустани
Комбинации со фармерки
Комбинации со наметки и долги мантили
(О)Милена | Црнобело