Нов симпатичен есенски тренд: Кадифе во косата
Еден мал моден додаток може да направи да изгледате стилски и тренди во текот на оваа есен. Истовремено, делува и многу женствено и романтично.
Панделките веќе неколку години ги има во најразлични варијанти - како украс на шнолите, на чантите, како брошеви, приврзоци за синџирче или пак, на чевлите. Но, оваа есен, добиваат пософистицирана намена.
Свилените и кадифените ленти и панделки одлично се вклопуваат во вашата фризура.
Со нив можете да ги врзете плетенките или коњското опавче, да ги закачите на венчето или марамата за коса или на шнола.
Боите и комбинациите се бесконечни. Можете да купите готови панделки, а можете и да ја разбудите својата креативност и самите да си направите неколку модни додатоци.
Е. Д. | Црнобело