5 безвременски модни додатоци кои треба да ги спакувате на секое патување

Правилото е – без разлика дали се пакуваш за 2 или 10 денови, мораш да понесеш сè со себе.

5-bezvremenski-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-spakuvate-na-sekoe-patuvanje-01.jpg

Ние жените имаме особено голем проблем, не знаејќи што попрво да напикаме во куферот – облеката, чевлите, чантите, козметиката или пак модните додатоци, односно аксесоарите.

Со цел да ви го олесниме пакувањето, направете задолжително место за овие 5 модни додатоци кои никогаш не излегуваат од мода:

Впечатлив елегантна марама или шал

Покрај тоа што се функционални и ќе ве заштитат од студот или ветерот, тие ја заокружуваат и целата модна комбинација.

Одберете шал или марама од кашмир, кој покрај тоа што е пријатен на допир, изгледа неверојатно луксузно, а бонус е фактот што не зазема воопшто месо во куферот.

5-bezvremenski-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-spakuvate-na-sekoe-patuvanje (1).jpg

Суптилни обетки

Трендовските обетки се секогаш интересни, но доколку сакате некоја фотка да ви остане драг и убав спомен, секогаш внимавајте да носите „евергрин“, безвременски парчиња на себе.

Носете ненападни, суптилни парчиња накит кои ќе одговараат на повеќе модни комбинации и ќе делуваат префинето на вас.

5-bezvremenski-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-spakuvate-na-sekoe-patuvanje (2).jpg

„Бубреже“ торба

Уште еден практичен моден додаток, кој последниве години доби пософистициран изглед од класичното „бубреже“.

 Освен тоа што ќе ви ги собере сите вредни и потребни ситници, како пари, документи, телефонот и малку шминка, ќе изгледате модерно и опуштено.

5-bezvremenski-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-spakuvate-na-sekoe-patuvanje (3).jpg

Сестрани патики

Кога велиме сестрани, мислиме на патики кои идеално ќе одговараат на здолниште и панталони, како и на фармерки и комбинезон. 

Внимавајте да бидат пред сè останато – удобни и не премногу накитени. Едноставниот модел секогаш изгледа поубаво.

5-bezvremenski-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-spakuvate-na-sekoe-patuvanje (4).jpg

Сако „блејзер“

Парче кое инстантно ја менува секоја комбинација, правејќи ја шик и софистицирана.

Додава нота на елегантност, и апсолутно никој нема да остане рамнодушен кон овој изглед.

5-bezvremenski-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-spakuvate-na-sekoe-patuvanje (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg